Technology

За Скопцките градоначалници (и советници)


Скопје има вкупно 11 општини и исто толку градоначалници. Ако на тоа ги додадеме и оние 7 од општините кои се у Скопскиот регион, тоа се вкупно 18 градоначалници. Скопје у овие 18 општини у советите има се на се 362 советника. Сте размислувале некад за ова? На 50 км град има 18 градоначалници и 362 советници.
Е сега да направиме една проста рачуница. Трошоците на овие градоначалници ако им рачунаме 2000 евра плата, придонеси, кафиња, бензин, нафта, керозин и други трошоци се околу 430 иљади евра годишно, а за 4 години 1, 7 миљони евра, што и не е некоја огромна сума, нели. Ние сме богата држава. Ех, али кога би биле само тие пари.

Али зато на 362 советника ако им рачунаме минималец од 1000 евра плата и придонеси, кафемафе, лапни - голтни и друго тоа се 17 миљони евра за 4 години. Заедно со градоначалниците тоа би било околу 19 миљони евра арч за 4 години. Ова е груба рачуница, трошоците би можел да се опкладам дека се многу многу поголеми. Вработени, паушали, надворешни советници, режиски трошоци, али ај нека биде 19 миљони евра. Ако израчунаме дека досеа имало 4 изборни циклуса со толку општини тоа се 76 миљони евра фрлени у ветар. Сеа да не се враќаме у времето кога имало помалку општини и да не рачунаме понатака, ќе испаднат ептен многу пари, ќе почне криво да ни паѓа.


Се поставува прашањето зашто се трошат толкави суми. Шо корист има Скопје од толку градоначалници и од толку советници, односно што ќар имаме од толку општини. Па замислете само што би можело да се направи со толкава пара. Една добра перестројка. Да го асфалтираш цело Скопје со се градски и приградски улици, дупче да не остане, па гасификација, тротоари и други потребштини да не набрајам сега.
А ние ги фрламе за еден куп луѓе од кој немаме никаков ќар. Него ај шо немам ќар, него сме у зијан.

Гласачка машинерија, кој овие 30 години не носеше ништо друго него само катастрофални дупови и гупови со кој Скопје го направија депонија каква нема у Европа. И уште ќе носат. Башка што само 3-4 општини од овие 18 може да се рече дека се богати за да функционираат, другите се јад и беда. Све што ќе соберат у буџет иде за административни трошоци, нормално за некој проект не остануваат пари. Секоја автобуска станица општина. Не иде.

Еве општина Зелениково да ја земеме за пример со 4000 жители, која има градоначалник и 9 советници. Смешно. Па они со толку жители не можат да соберат у буџет плати да исплатат за администрација, а не пак нешто да направат. Они се задужуваат само за плати. Општина кај нас не може да функционира со многу поише жители а не пак со 4000. Да сме малце побогати, да.

Право да ви кажам ја више на такви градоначалнички избори не искачам. Што да ме прај некој будала. Тие да праат бељи а ја да се нервирам. Ако некад го напраат Скопје само со 1 градоначалник и 30_ина советници тогаш можда ќе размислам. Хмм, 18 градоначалници и 362 советници, па толку Њујорк нема ебатебеља.



Сликата е позајмена од Центар за развој на Скопскиот плански регион

(У наредниот број „За Прецедателските избори“

За Скопцките градоначалници (и советници) За Скопцките градоначалници (и советници) Reviewed by Skopski Solidarec on 22 мај Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)