Петре Шилегов vs Петре Шилегов
Петре Шилегов е разрешен од функцијата потпретседател на СДСМ поради слабите резултати на Градоначалникот Петре Шилегов. Така ја го разбрав ова разрешување на Шилегов. Можда да беше обратно ќе беше многу боље, али ајде.
Него зборот ми е дека сега е многу лошо да имаме градоначалник кој осим што нема ни теоретски шанси Скопјани пак да гласаат за него, исто така е сигурно дека нема шанси пак да биде кандидиран за градоначалник ниту од својата партија на наредните градоначалнички избори.
Многу е лошо да имаме градоначалник кој досеа немал никакви резултати, а сега после ова разрешување ќе нема па ич. Тука сеа доаѓа до пад на моралот, повредена суета и ќе глеа сеа само да си го истера мандатот без да се замара многу. Додуше и досеа не се замараше многу.
Тоа важи и за другите, Марин, оној од Ѓорче, оној од Кисела Вода и сите други градоначалници кој немаат со прст мрднато за овие 2 години. А исто така важи и за Богдановиќ и Стефан од Карпош. И кај нив не е се ок. Иако се нешто бољи од останативе. Не многу али се бољи.
Е сега што би требало да се направи пошто највероватно не можат да бидат сменети од партијата стварно не сум паметен. Дека ќе си поднесат оставки тоа чисто сумњам. Можеби онака партиски да ги фатат за гуша па колку толку да се опрај работата
На нас ни останува само уше еднаш да им повториме дека Скопјани НЕЌАТ ВЕЌЕ ГРАДЕЊЕ У СКОПЈЕ. Неќат и други работи, али ова на прво место. Иако поише од јасно е дека нив баш ги заболе шо сакаат а шо неќат Скопјани.
А шо се тиче ВМРО, место да плукаат у туѓиот двор, не би било лошо да тркнат до најблиската продавница и да си купат една метла со која ќе си зачистат малце и у сопствениот двор. И они работат у нехигиенски услови.
Петре Шилегов vs Петре Шилегов
Reviewed by Skopski Solidarec
on
27 мај
Rating:
Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.