За прецедателските избори (Мешање баби и жаби)
Претседателски избори 2019 |
Сеа некој пак ќе каже - абе ти мешаш баби и жаби, шо врска има локална работа со прецедателски избори? Е па зато на почетокот одма реков дека мешам све и ако добијам одговор шо ќе ми одговара, искачам на избори. А ако не добијам одговор шо ќе ми одговара или пак ако уопште не добијам одговор ќе си седам дома, не искачам нигде. Просто ко пасуљ.
Али то е само едно прашање на кое барам одговор, има уште неколку. На пример кога ќе се отвори велосипедската патека на кеј која е затворена долги години, а еве останува затворена и понатака иако новите локални власти ја ситнат и втората година како што се на функција.
Имам уште неколку прашања, како на пример кога ќе се врати шеталиштето на кеј позади ГТЦ на шетачите, кое сега е претворено у прометна улица и има поише коли него шетачи. Е не ќе им постављам прашања од типот - кои се предизвиците на Северна Македонија како членка на НАТО? Или ќе постављам прашања за актуелните геополитички збиднувања во државата и регионот?! Ме заболе мене за геополитичките збиднувања.
Јебеш геополитички збиднувања него шо ќе биде паркингот карши ГТЦ? Кога ќе се забранат коли на шеталиштето кај ГТЦ? Ќе се прај ли кафич на кровот на ГТЦ? Абе кога ќе се отвори велосипедската патека на кеј? Абе кога ќе се исчисти испод железничка? Абе до кога ќе се издаваат градежни маркици у Скопје? До кога бре ќе се легализираат дивоградби? Абе кога ќе се стави ред у сообраќајот у Скопје? Што прајме со палењето огнови на отворено? Што со загадувањето? Абе давајте одговор или глас од мене не добивате. Еден тон прашања а одговор нема, решение па ич.
Пред избори се поставуваат прашања на политичарите, после избори ќе биде касно. Мешајте баби и жаби, и поставувајте прашања. Сега му е мајката. Иако одговорот веќе многу добро го знаете, али ајде.
Напомена. Блогерот е неписмен и со слаби скоро никакви познавања на Македонцкиот литературен јазик.
За прецедателските избори (Мешање баби и жаби)
Reviewed by Skopski Solidarec
on
22 мај
Rating:
Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.